Актуелно
Пронајден изгубениот авион во пламен во атарот на Велес
Во близина на селото Ветерско, атар на општина Велес е пронајден авионот кој пред околу половина час исчезна од радарот на скопскиот аеродром.
Првичните информации од спасувачките служби се дека авионот е во пламен, а теренот е непристапен.
СВР Велес примиле телефонска пријава од граѓани дека слушнале експлозија во близина на с.Кожле.
Првата информација за урнатиот авион пристигнала од жители на селото кои слушнале силен звук, удар и експлозија. Кон локацијата веќе се упатени спасувачки служби од Скопје и од Велес.
Селото Ветерско е во непосредна близина на пункот на „Македонија сообраќај“ кој се наоѓа на познатата велешка тумба на автопатот Велес – Скопје, пред да започне спуштањето кон Катланово.
Според информациите, авионот е од марка “Пајпер“ со германски национални ознаки кој летал од Италија од Тревизо и требал да слета на аеродромот во Скопје да танкира гориво.