Вести
Прославата на Новата година во светот со огномет и големи мерки за обезбедување
Со спектакуларни огномети и прослави на улици во градови ширум светот одбележено беше доаѓањето на Новата година.
Најголемата зграда во светот Бурџ Калифа во ОАЕ повторно е средишна точка за прославата на Нова година иако властите оваа година одлучија да нема огномет, на зградата беше поставено огромно лед-осветлување. Тоа е дел од безбедносни мерки, а на дисплејот поставен на источната страна од 828 метри високата зграда, прикажана е арапска калиграфија, геометриски шари и портрет на шеикот Заед кој беше прв претседател на државата.
Со спектакуларен огномет беше дочекана 2018 година во Лондон и Единбург, јави Би-Би-Си.
Во Лондон огнометот го следеа повеќе од 100.000 луѓе, а во Единбург повеќе од 150.000 и покрај предупредувањата за силен ветар.
На концерт во Единбург свиреа Раг енд Боун мен и Хјуман Лиг додека посетителите на плоштади ги забавуваат Арета Френклин, Аријана Гранде и Флоренс Велч чија музика беше пуштана од звучници до полноќ. Испукани беа 10.000 патрони огномет, а шоуто траеше 12 минути.
Жителите и туристите во Њујорк ја дочекаа на Тајмс сквер Новата година на минус 12 степени со традиционално спуштање на кристалната кугла, конфети и величествен огномет.
Сепак, за разлика од минатите години имаше помал број присутни.
Мараја Кери оваа година настапи успешно, за разлика од лани, а меѓу две песни бараше топол чај.
Прославата беше со традиционалното спуштање на кристалната кугла Вотерфорд која оваа година имаше 3,5 метри во пречник и тежина од 5,385 кг. Беше обложена со 2.688 триаголници кои менуваа боја како калеидоскоп под силно осветлување.
Безбедноста беше засилена при што гаражите во колина на Тајмс сквер беа затворени. Илјадници полицјаци беа на улици, а бетонски блокови и комунални камиони блокира апристап на возила во безбедносна зона во која беа граѓаните кои претходно мораа да поминат низ десетина безбедносни контроли.
Мерките за обезбедувњае го чинеа градот 7,5 милиони долари.
Тоа беше најстудена Новогодишна ноќ во Њујорк од 1907 година кога биле регистрирани 17 степени Целзиусови под нулата.
Во Париз десетици илјади граѓани и туристи ја дочекаа Новата година на булеварот Шанзелиле. Дочекот беше со големи безбедносни мерки бидејќи државата беше погодена со низа терористички напади во изминатите години. Околу 100.000 полицајци и 40.000 припадници на обезбедување се распоредени ширум државата.
Во Австралија Новата година беше дочекана со голем огномет и иако имаше големо обезбедување, властите наведоа дека немало посебни причини за тревога.
Новата година стигна и на Нов Зеланд каде граѓаните на улици и плажи ја дочекаа со огномет.
Во Русија Новата година се одбележува во 11 часовни зони и граѓаните присуствуваа на огномети и покрај времето не беше толку празнично поради ниските температури.
Во Јапонија голем број граѓани го прославија дочекот на Новата година во храм во Токио каде точно на полноќ по локално време ѕвонеа големи ѕвона точно 108 пати.
Во Индија се засилени мерките поради неодамнешните инцидентина југ во државата, а распоредени се 15.000 полицајци кои користат и дронови и видео камери.
На Филипини пред полноќ имаше неколку повредени луѓе од огномет. Во таа држава се верува дека гласното одбележување на Нопвата година одбива несреќи и лоши духови, но отишле во крајност бидејќи користат пиштоли и огнено оружје на дочекот не стравувајќи дека ќе бидат уапсени.