Актуелно
Протест пред Народната канцеларија на претседателот Иванов (ФОТО)
Група граѓани попладнево се собраа пред Канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје изразувајќи несогласување со денешната одлука на македонскиот претседател.
Дел од учесниците на протестот фрлаа јајца кон просториите на Канцеларијата која е под полициско обезбедување. Протестот се одвива мирно.
Претходно, граѓаните се собраа пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство како знак на поддршка бидејќи сметаат дека по денешната одлука постои можност ова обвинителство да биде укинато.