Актуелно
Протести по одлуката на претседателот Иванов, Хан со сомневање за кредибилни избори (ФОТО)
Одлуката на претседателот Иванов да ги запре сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата предизвика протестите на повеќе локации во Скопје.
Граѓани протестираа пред Народната канцеларија на претседателот Иванов, како и пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Протести имаше и пред седиштето на СДСМ.
Одлуката на претседателот Иванов предизвика и критики не само од опозициските партии предводени од СДСМ, туку и од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, како и од еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и странските мисии во Скопје.
Според нив, постапката на македонскиот претседател ги загрозува изгледите на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. Хан изрази сомневање дека во такви околности претстојните парламентарни избори би можеле да бидат и кредибилни.
In light of these developments, I have serious doubts if credible elections are still possible 2/4
— Johannes Hahn (@JHahnEU) April 12, 2016