Актуелно
Протестите се преселија пред Владата
Демонстрантите организирани од граѓанската иницијатива „Протестирам“ се упатија пред Владата на Република Македонија. По обидот протестот од пред Собранието на Република Македонија да го префрлат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ што беше спречен од кордон од полиција дојде до судир меѓу демонстрантите и полицијата.
Како што информираат од хируршката килиника „Свети Наум Охридски“, кај нив се примени двајца повредени полицајци. Едниот од нив е со контузија на рамо, а другиот со повреда на рачниот зглоб. Пружена им е медицинска помош по што се пуштени на домашно лекување. Од болницата информираат дека кај нив не се донесени повредени демонстранти.
Полицијата со солзавец и шок бомби успеа да ги растера демонстрантите. Пред Владата има силно полициско присуство и во моментов е мирно.