Актуелно
Прва литургија во црквата „Свети Константин и Елена“
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан утрово одржа света Божествена литургија во храмот во изградба „Свети Константин и Елена“, на улицата „Македонија“ во Скопје.
Православната црква денеска го празнува денот на светите рамноапостолни царот Константин и царицата Елена.
Црквата првпат била изградена во 1927 година на плоштадот кај Градски трговски центар. Во 1963 година земјотресот оштетил дел од неа, а целосно била урната во 1970 година. Повторно темелите беа поставени и осветени на 11 ноември 2012 година.
Првично беше планирано црквата да се гради на старото место, но потоа се одлучи да се гради на улицата „Македонија“, пред Домот на АРМ.