Вести
Пукање во Аеродром – едно лице е тешко повредено
Едно лице е тешко повредено во оружен инцидент на улицата „Владимир Комаров“ во скопската општина Аеродром.
МИА дознава од очевидци дека со четири до пет куршуми во пределот на главата и вратот е погодено лицето М.Ј., активен фудбалер.
Случајни минувачи го сместиле повреденото лице во приватно возило и го транпортирале во непознат правец.
Полициски екипи се веќе пристигнати на терен. Напаѓачот е во бегство, а оружјето го оставил на лице место.
Името на напаѓачот и е познато на МИА, очекуваме потврда од МВР.
Од МВР потврдија дека имало пукање, полицијата е излезена на лице место, а подетални информации ќе соопштат подоцна.