Актуелно
Ракетата „Спејс икс“ експлодира по лансирањето
Ракетата „Спејс икс фалкон 9“ експлодираше денеска неколку минути по лансирањето во Кејп Канаверал на Флорида.
На телевизиските снимки на НАСА е прикажано како бела ракета се распрскува на парчиња.
– Изгледа дека дошло до грешка при лансирањето, изјави претставникот на НАСА Џорџ Дилер.
Ракетата требаше да биде лансирана во рамки на рутинската мисија за снабдување на Меѓународната вселенска станица.