Актуелно
Разбиена дел од терористичката група во Куманово
Терористичката група во Куманово е разбиена, а триесетина нејзини припадници и се предале на полицијата, објави ТВ Алфа.
– По попладневните борби и по кратки преговори, 30 членови од тешко вооружената териористичка група и се предале на полицијата, пренесе телевизијата. Се ште нема официјална потврда на информацијата.
По интензивните престрелки во текот на поладневните часови, во Куманово вечерва повремено се слушаат истрели и детонации. Кон населбата „Тоде Мендол“ каде што е жариштето на судирите се упатија амбулантно и неколку полициски транспортни возила.
Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека терористичката група имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.
– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.
Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, ЕУ, САД, Русија и ОБСЕ.