Актуелно
САД и ЕУ ќе го објават заедничкото соопштение за изборите во 19:30 часот
Амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, вечерва во 19:30 часот треба да го објават заедничкото соопштение за тоа дали има услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 24 април, согласно Договорот од Пржино, потврдија за МИА од Американската амбасада.
Претходно, Бејли во Клубот на пратениците имаше двочасовна заедничка средба со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ДПА Мендух Тачи.