Вести
Стартува саемот на туристички агенции за млади „Да патуваме заедно“
Денес и утре во холот на Технолошко – металуршкиот факултет ќе се одржи првиот саем на туристички агенции за млади „Да патуваме заедно“.
Саемот се организира по прв пат, на иницијатива од Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, со поддршка од техничките факултети на техничкиот кампус и на него студентите ќе имаат шанса да си ги разјаснат сите прашања кои ги имаат во врска со понудите кои ги нудат агенциите за млади.
Овој саем претставува одлична можност агенциите да се доближат и да се претстават на студентите со што истите би ги зголемиле своите шанси да бидат изборот на што поголем број на студенти. Токму поради тоа, дел од овој саем ќе бидат повеќе туристички агенции и компании кои дејствуваат на полето на младински патувања како и креирање на можности за млади и талентирани студенти.
Сите заинтересирани ќе имаат шанса да ги посетат штандовите на агенциите во периодот од 11 до 17 часот.