Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016

Актуелно

Саем за вработување и кариера – Job Fair 2016

Од денеска до 10 мај на техничките факултети во Скопје ќе се оддржи дванаесеттото по ред издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2016 во организација на Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ.

Овој саем е одлична можност компаниите учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар.

На Job Fair заинтересираните студенти ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од страна на компаниите. Студентите целат кон квалитетна пракса или работно место, а тоа е она што Job Fair им го нуди.

Според организаторите, на минатогодишниот саем кој се покажал како најуспешниот до сега, учествувале 26 компании, врвни во својата област и го посетиле над 4.000 студенти на деновите на штандови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.