Вести
Сара најчесто име за девојчињата, кај момчињата Тадеј
Во текот на минатата година во Република Македонија се родени 29.000 бебиња.
Меѓу новородените, според податоците на Управата за евиденција на матичните книги, најчести имиња кај девојчињата биле Сара, Јана и Калина, додека кај момчињата Тадеј, Михаил и Јован.
Најкарактеристично име дадено годинава е Лемур.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во декември се родени 1.763 бебиња, а најчести имиња биле Марко и Јана.