Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СДСМ ја објави 10-та бомба: Груевски купил парцели на Водно вредни повеќе милиони евра

Актуелно

СДСМ ја објави 10-та бомба: Груевски купил парцели на Водно вредни повеќе милиони евра

Лидерот на СДСМ презентираше аудио-снимки, кои како што вели, сведочат за нечесноста и мегаломанските апетити на премиерот, кој наложувал промена на ДУП заради купување свои имоти, пренесува Дојчевеле.

Денеска ќе сфатите зошто Груевски на претходните снимки велеше дека им треба време да дозавршат некои работи во општина Центар.Ќе го видите Груевски во светло во кое е користољубив, нечесен.Ќе видите во што се вовлекувал лично тој кога биле во прашање неговите сопствени интереси. Денеска ќе стане јасно зошто трескавично се менуваа ДУП-овите на Центар, рече Заев.

Зошто се менувале детални урбанистички планови, зошто се одвиваше драмата околу Шиповиќ и притисоците околу советниците на општина Центар, Зошто Груевски и Мијалков правеле се да ја добијат општина Центар, се со една цел, Никола Груевски да ја оствари својата лична корист.

На една од аудио-снимките на Мијалков соговорникот му вели дека со комби премиерот, со високи функционери шета во обиколка на гледање згради и земјишта. Во еден од разговорите Премиерот вели дека не може да зборува по телефон, на што Зоран Заев јавно запраша зошто мора да зборува во шифри ако не се прислушкува во државата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.