Актуелно
СДСМ објави снимка со закани и до семејството на Тоше Проески
ФОТО: Фејсбук
Според снимките објавени од опозицијата, во еден од телефонските разговори за кој тврдат дека е меѓу министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Јанакиески се слушале закани и за семејство на загинатот пејач Тоше Проески.
– „Овие од Тоше се против нас, да ги избркаме од работа, ако не да не им даваме по 3000 евра, да го затвориме музејот. Толку работи се направени за Крушево, а тие се против нас.
Секој месец им даваме по 3000 евра, а цела куќа е пет милиони евра.“, се слуша во интегралната снимка.