Вести
СДСМ прогласи победа во повеќе од 40 општини – вечерва ќе слави пред Влада
СДСМ вечерва прогласи победа во повеќе од 40 општини.
Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Миле Зечевиќ на прес-конференција рече дека со оваа победа СДСМ и коалицијата „Живот за Македонија“ ќе ги заокружат промените во државата.
– Овој ден е празник за демократијата и пример за мирно и слободно изразување на секој глас на граѓаните. Вака изгледа Македонија кога се гласа слободно и демократски, без пристисоци, рече Зечевиќ.
Изрази благодарност до граѓаните, политичките партии кои учествуваа во изборниот процес, како и до сите институции кои овозможија да се одржат фер и слободни избори.
Зечевиќ ги повика граѓаните пред Владата да ја прослават победата каде ќе се очекува да се обрати претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.
Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов обраќајќи се на вечерашната прес-конференција рече дека од вечерва Скопје и останатите општини им го враќаат на граѓаните.
– Ѓраѓаните од Скопје и од Македонија ни дадоа до знаење дека е доста од досегашното владење на ВМРО-ДПМНЕ и иако може да се надеваме на победа во првиот круг во Скопје, сепак, резултати сеуште не се јасни до крај, но сепак ова е голема победа за Скопје, рече Ши