Актуелно
Се расчистува коритото на реката Пена
Во Тетово се расчистува коритото на реката Пена од наносите од камења и друг материјал што беа донесени со неодамнешното невреме во овој град.
Увид на терен направија министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заменик министерот за одбрана Иљми Селами и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
На 3 август тетовскиот крај беше зафатен од невреме во кое животот го загубија шест лица, а беше предизвикана и голема материјална штета.