Вести
СЕ СЛАВЕШЕ НА ПЛОШТАД: Европскиот првак Вардар ги извади скопјани на улица (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Европскиот првак Вардар ги извади скопјани на улица! Илјадници граѓани и поддржувачи на клубот вчеравечер ја прославија европската титула на плоштадот во Скопје.
Цела вечер се слушаа свирежи на автомобили, а централното градско подрачје беше блокирано од граѓаните кои со македонски и знамиња од клубот славеа до раните утрински часови.
На плоштад ечеше „Ајде, ајде Вардаре!“, а се пееја и патриотски песни, но најважно од сѐ е што после долго време граѓаните се почувствуваа сплотени повеќе од било кога и заеднички ја славеа радоста за европската титула.
Инаку, екипата на Вардар го победи францускиот гигант Пари Сен Жермен со 24:23 во натпреварот кој беше решен во последната секунда.
Инаку, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски најави спектакуларен дочек на ракометните херои утре.