Вести
Се слави Бадник – предвесник на најрадосниот христијански празник Божик
Православните верници денес го одбележуваат празникот Бадник, денот пред Божиќ. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници.
Како дел од прославата на Бадник и Божик низ улиците на сите градови во Македонија се одржува воозобновената древна традиција „Бадникови поворки“ со што децата го најавуваат Христовото раѓање. На поворките децата ја пеат старата византиска божиќната песна “Вечниот Бог”, носат пештера коja го прикажува Христовото раѓање и носат божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.
Традицијата нагала семејството на Бадник да се собере на заедничка вечера на богата, но посна трпеза. Обичај е најмалиот во семејството со погача да затропа на врата и на прашањето кој е, да каже “Дојде Бадник на вечера” или се отвара прозорот и домаќинот ги кажува зборовите “Дедо Боже дојди да вечераме”. Во погачата се става паричка, таа се крши и се смета дека тој што ќе го најде паричето, ќе има среќа цела година. Обичај е по вечерата трпезата да не се крева. Ова е поврзано со верувањето дека ноќта ќе дојде дедо Боже и ќе се нахрани. Според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се бдее до полноќ, да се дочека Христовото раѓање.
Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божиќ, најголемиот христијански празник.