Актуелно
Се трага по исчезнато 16-месечно девојче од невремето во Скопје
Џ.Ф. (18), вчера попладне во 18 часот ја пријавил за исчезната својата 16-месечна внука од брат му, кој почина во невремето.
Таткото и ќерката, на 6 август околу 20 часот, се движеле со возило во близина на обиколницата Смилковско езеро кога на нив наишол голем воден бран. Водата почнала да го носи возилото и од тогаш на детето му се губи трагата.
Како што велат од МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на детето, но до овој момент нема нови информации во врска со него, ниту за какви било други случаи на починати и повредени од досега објавените.
Заклучно со денеска, официјалниот број на загинати во невремето што го зафати Скопско во саботата достигна 22 лица.