Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се укинува радиодифузната такса, минимална плата од 12.000 денари и по 7.596 за стечајците

Вести

Се укинува радиодифузната такса, минимална плата од 12.000 денари и по 7.596 за стечајците

Од наредниот месец граѓаните се ослободени од плаќање на радиодифузна такса, минималната плата ќе изнесува 12.000 денари, а повеќе од 3.000 стечајни работници ќе добиваат финансиски надоместок од 7.596 денари, информираа на денешната прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Минималната плата од следниот месец ќе изнесува 12.000 денари, а фирмите ќе бидат финансиски поддржани од државата. Бенефит од покачување на платите ќе почувствуваат 130 илјади работници во Македонија. Ова е првиот конкретен чекор со кој се отвора спиралата за севкупниот пораст на платите во Македонија што ќе придонесе за поквалитетен животен стандард. Го ветивме и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните. Повеќе пари од Буџетот се насочуваат кон потребите на граѓаните, изјави Царовска.

Посочи дека денеска во Собранието се донесе и Законот за стечајни работници, со кој трајно се решава статусот на повеќе од 3.000 стечајни работници.

– Со домаќинско и одговорно работење на Владата, преку ребаланс на Буџетот се скрати од комодитетот на власта и непродуктивните трошоци на Владата и повеќе средства се насочија за решавање на проблемот на повеќе од 3.000 стечајци во Македонија. Месечниот финансиски надоместок што ќе го добиваат стечајците ќе биде околу 7.596 денари. Зборот е збор и од наредниот месец започнува исплатата на финансиската помош за стечајните работници, изјави Царовска.

Министерот Манчевски посочи дека со укинувањето на радиодифузната такса Владата покажала како се работи во интерес и во служба на граѓаните.

– Од следниот месец граѓаните се ослободени од плаќање на оваа давачка. Македонската радио и телевизија, Македонската радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од следниот месец ќе се финансираат директно со пари од Буџетот на Република Македонија. Дадените ветувања кон граѓаните се реализираат. Зборот е збор. Насочуваме повеќе пари од Буџетот за потребите на граѓаните, додека во исто време ги намалуваме трошоците за живот, изјави Манчевски.

Прашан што ќе биде со граѓаните кои веќе имаат платено за радиодифузна такса, Манчевски рече дека за жал не постои никаква законска можност и основа да бидат ретроактивно ослободени од овие обврски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.