Се враќа полицискиот час во Грција
Се враќа полицискиот час кај нашиот јужен сосед, односно на островот Миконос кој е еден од најголемите жаришта на делта сојот, каде од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро стапува во сила полициска час, но и забрана за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден.
Властите потсетуваат дека на Миконос е забрането и одржување на какви било настани во приватни простори со присуство на над 20 лица, а во спротивно предвидени се казни од 50.000 до 200.000 евра.
Грчкиот остров е познат по ноќниот живот, но и летна дестинација за многу светски ѕвезди, а во изминатиот период, поради мерките, како што е забраната за стоење во кафулињата, баровите и ноќните клубови, често се организираа забави во приватни вили.