Балкан
Седум лица и петдневно бебе загинаа во пад на хеликоптер во Белград
Српското министерство за одбрана соопшти во саботата дека воен хеликоптер од типот „Ми-17“ се урнал недалеку од аеродромот Сурчин на еден километар од автопатот крај главниот град Белград кој бил ангажиран за спасување бебе од Нови Пазар.
Според непотврден информации, сите седум лица кои се наоѓале во хеликоптерот, вклучително петдневното бебе настрадале во падот, пренесува телевизијата N1.
Министерството за одбрана соопшти дека презема акција за трагање и спасување, пренесува агенцијата Бета и додава дека не се наведуваат причините за падот. Другите белградски медиуми јавуваат дека хеликоптерот ја загубил врската со контролната кула на Сурчин во 22,31 часот во петокот навечер.