Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Седум сообраќајки вчера во Скопје

Актуелно

Седум сообраќајки вчера во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно седум сообраќајни несреќи. Во пет од нив, со телесни повреди се здобиле осум лица. Две сообраќајки се со материјална штета.

Како што информираа за МИА од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.

Санкционирани се четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, 22 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум возачи кои за време на управување на возилото го користеле мобилниот телефон

Затекнати се и 65 непрописно паркирани возила и 25 пешаци кои поминале вон пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот на вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Љубен Лапе“ со учениците од второ одделение кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.