Актуелно
Серија земјотреси со епицентар во скопското подрачје
Серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентрално подрачје утринава се регистрирани од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека два од земјотресите се почувствувани во Скопје и околината.
Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот земјотрес во 06 часот и 59 минути со јачина од 2,8 степени по Рихтер.