Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Серија земјотреси во Дојранско

Вести

Серија земјотреси во Дојранско

Доцна синоќа, по 23 часот, се регистрирани серија земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје, но најсилниот, со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала, бил утрово во 5 часот и 24 минути. 

Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, овој земјотрес на 145 километри југоисточно од Скопје, со магнитуда од 4,8 по Рихтер, највеќе го почувствувало населението во Дојран.

Во Гевгелија, Валандово и Стумица интензитетот бил VI степени, додека во Кавадарци, Радовиш и Берово V степени.

Земјотресот е почувствуван и во Грција и Бугарија, а предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.