Актуелно
Шестмина полицајци загинаа во судирите во Куманово
Во полициската акција во Куманово за разбивање терористичка група загинаа шестмина полицајци.
Како што потврдија нивните семејства, станува збор за Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово и Ненад Серафимовски (28) од Зубовце, Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски.
Во акцијата се повредени и триесетина полицајци кои се хоспитализирани во кумановската болница и на скопските клиники.
Според последните информации, во Куманово не се слушаат истрели од оружје.Отворен е поголем дел од маркетите во градот. Се уште е затворена една сообраќајна лента на улицата трета Македонска ударна бригада, но на останатите улици во градот сообраќајот се одвива непречено. Забележливо е полициско пристуво во повеќе делови од градот.
Спорадични истрели од оружје во Куманово и надлетување на хеликопери во Куманово се слушаа во текот на ноќта и изутрината, по што од МВР информираа дека се уште е во тек акцијата за расчистување на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во кумановската „Дива Населба“.