Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шестмина загинати при американски напад врз база во Сирија (ФОТО)

Вести

Шестмина загинати при американски напад врз база во Сирија (ФОТО)

Шест лица загинаа при воздушните напади на САД врз база на сириското Воено воздухопловство крај Хомс, соопштија денеска Вооружените сили на Сирија. 

Гувернерот на Хомс, Талал Барази пак соопшти дека при нападот загинала шест лица, а седум други се ранети, додавајќи дека не очекува значителен пораст на бројот на жртвите. – Меѓу загинатите има тројца војници и двајца цивили, истакна Барази.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права претходно соопшти дека најмалку четворица војници, вклучувајќи и еден генерал, се убиени во американскиот ракетен напад, кој речиси целосно е е уништена сириската база. Центарот наведува и дека десетици сириски војници се повредени во нападот.

Претставници на сириската армија засега не ги коментираа податоците на Сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон.

Командата на сириската армија ги евакуирала повеќето воени авиони од базата, пред таа да биде нападната од САД, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика „сите цивилизирани држави“ да се приклучат кон САД за да се стави крај на крвопролевањата во Сирија.

Трамп даде куса изјава откако од два американски воени брода во Средоземното Море беа испукани 59 ракети врз сириска воздухопловна база.

Според Трамп, нападот брз базата, од каде на 4 април „сириската авијација извршила хемиски напад врз цивили во провинцијата Идлиб, е исклучително важен за националните интереси на САД“.

Тој додаде дека сирискиот режим поседува забранети хемиски оружја и дека САД треба да спречат нивно ширење

Пентагон објави денеска дека Русија била претходно известена за воздушните напади врз базата крај Хомс.

Според нив, нападот е извршен поради смртоносниот хемиски напад во вторникот врз цивили во покраината Идлиб. Претходно американски медиуми јавија дека САД известиле голем број држави за операцијата, но меѓу нив не била Русија.

Пентагон соопшти дека 59 ракети Томахавк се испукани ноќеска од два воени брода на армијата на САД врз сириски воен аеродром и други цели.

– Тие ракети беа насочени кон авиони, зони со нафтени и логистички складишта, бункери за муниција, системи за противоздушна одбрана и радари, изјави портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.

Сирискиот министер за информации Рамез Турџман изјави денеска дека американскиот напад во Хомс бил со „ограничен обем“ и оти не се очекува натамошна воена ескалација.

– Верувам дека овој напад бил ограничен и временски и просторно и беше очекуван, изјави Турџман во телефонска изјава за сириската државна телевизија.

На прашањето дали ќе има одговор од Русија, Турџман одговори дека Москва го осудила американскиот напад. – Не очекуваме дека ќе дојде до воена ескалација, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека американските напади врз Сирија се агресија против суверена држава, смета.

– Претседателот Путин смета дека американските напади врз Сирија се агресија врз суверена држава и непочитување на нормите на меѓународното право, притоа со измислен повод, изјави портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

– Американскиот напад сериозно им штети на руско-американските односи, кои и без тоа се во жална состојба и пречи ефикасно да се дејствува против тероризмот, доаде Песков пренесувајќи став на Путин.

Рускиот претседател смета дека американскиот напад е обид да се одвлече вниманието на светот од многуте жртви меѓу цивилите во Ирак, изјави Песков.

Претседавачот со Комитетот за меѓународни работи на рускиот Парламент, Константин Косачев во меѓувреме изјави дека коалицијата на Русија со САД по прашање за сириската криза е доведена во прашање откако Вашингтон изврши ракетни наапди врз воздушната база Ал Шарјат.

Косачев оцени дека нападите се извршени со намера „со помош на барут да се отпечати подготвена пресуда поврзана за одговорност на Асад за хемискиот напад во Идлиб“.

Претходно рускиот заменик-амбасадор во ОН, Владимир Сафронков предупреди дека ќе има „негативни последици“ ако САД се одлучат за воздушни напади врз Сирија заради смртоносниот хемиски напад.

– Ако има воена акција, таа ќе падне на рамена на оние кои иницираат такви акции, изјави тој.

Сириската опозиција смета дека ракетните напади на САД врз базара во Сирија е важна реакција, што испраќа порака до Дамаск дека не може да дејствува неказнето. Тоа за ДПА го изјави активист на опозицијата.

– Тоа е многу важна американска рекација и сметаме дека тоа ќе биде почеток со кој ќе му се каже на режимот дека не може да остане неказнет, изјави Ахмед Рамадан, шеф на прес службата на Сириската национална коалиција.

Израел во меѓувреме изрази целосна поддршка за нападите на САД врз сириската база и ги оквалификува како „силна порака“ која треба да ја слушнат Иран и Северна Кореја, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Израел целосно ја поддржува одлуката на претседателот Доналд Трамп и се надева дека таа порака на одлучност, како одговор на режимот на Башар Асад, ќе се слушне не само во Дамаск туку и во Техеран, Пјонгјанг и на други места, се вели во соопштение од Кабинетот.

Израел нагласува дека „со нападите Трамп испрати силна порака дека нема да се толерира користење и ширење хемиско оружје“

Иран од своја стрна го осуди американскиот ракетен напад, нарекувајќи го деструктивен и опасен.

– Иран ја осудува употребата на хемиско оружје, но истовремено смета дека тоа да се користи како изговор за почнување еднострана акција е опасно, деструктивно и претставува кршење на меѓународното право, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Бахрам Касеми.

Тој истакна дека Иран силно ја осудува секоја еднострана акција.

– Таквите мерки ќе ги зајакнат терористите во Сирија и ќе ја искомплицираат ситуацијата во Сирија и регионот, оцени Касеми.

Во Хомс дејствуваат и припадници на ИД. Претставници на опозицијата и на бунтовниците велат дека од базата на ВВС се извршуваат напади врз сите региони под контрола на бунтовниците во централна и северна Сирија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.