Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Шестмина загинати при пожар во станбена заграда во Лондон (ФОТО)

Вести

Шестмина загинати при пожар во станбена заграда во Лондон (ФОТО)

Шест лица загинаа во пожар, што изби во 24-катна станбена зграда Гринфил тауер во Лондон, соопшти британската полиција.

– Засега можам да потврдам за шест смртни случаи, но таа цифра најверојатно ќе се зголемува, изјави Стујарт Канди од Метрополитен полицијата.

Пожарот, во зградата што се наоѓа во западен Лондон, изби по полноќ

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е длабоко ожалостена од загубата на животите при пожарот, во кој се повредени уште над 70 други лица.

Embed from Getty Images

– Премиерката е длабоко ожалостена од трагичната загуба на животите во Гринфил тауер и одблизу ја следи ситуацијата, изјави британскиот владин портпарол.

Меј побарала да се свика владина седница под претседателството на министерот задолжен за полицијата и противпожарната служба Ник Херд, со цел да биде кооридиниран одговорот и да се гарантира дека Кабинетот е подготвен да им помогне на службите за вонредна ситуација и на локалните власти, додаде британскиот портпарол.

Лондонските служби за итна помош соопштија дека лицата кои се повредени се хоспитализирани, а 20 од нив се во критична состојба.

Некои од луѓето во зградата каде избил пожарот се спушатале со јажиња од нивните станови, а други скокале од прозорци.

Лондонската полиција стравува дека во зградата има уште блокирани лица.

„Дајли мејл“ наведе, оти се смета оти причината за пожарот во Гринфил тауер е неисправен фрижидер. Весникот се повикува на изјава на жител на зградата кој го преживеал пожарот.

Embed from Getty Images

Тој навел дека фрижидерот експлодирал пред да избие пожарот во зградата, каде живеат 120 семејства.

Лондонската пожарникарска служба соопшти дека се уште е многу рано за да биде утврдена причината за пожарот.

Стабилноста на зградата ја проверува инженер, соопшти пожарникарската бригада, со напомена дека сега зградата е безбедна и пожарникарите може да влезат во неа и да спасуваат животи.

Комесарот на Лондонската противпожарна бригада Дени Котон вели дека пожарникарите успеале да стигнат до 19. и 20. кат од зградата/

Гринфил тауер е изградена во 1974 година со средства од општините Кенсингтон и Челси. Таа е во состав од станбен комплекс во Западен Ланкастер, со вкупно околу илјада домови.

Облакодерот лани бил реновиран за 10 милиони фунти. Станарите биле предупредени за ризик од избивање пожар поради смет околу зградата натрупан за време на реновирањето.

Градоначалникот на Лондон Садик Кан изјави дека некои прашања ќе мора да се одговорат во врска со безбедноста на облакодерот.

Британски медиуми јавуваат дека во зградата во момент на избивање на пожарот имало околу 600 луѓе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.