Вести
Силно невреме со грмотевици, засилен ветер и град го зафати Скопје (ВИДЕО)
Град со големина на орев попладнево „удри“ во Скопје.
Силното невреме беше проследено со дожд, грмотевици и засилен ветер.
На социјалните мрежи граѓаните јавуваат дека градот кој десетина минути интензивно паѓаше, предизвикал ошететувања на автомобилите, а од силината на ветрот забележани се и паднати дрвја низ Скопје.
Од УХМР велат дека нестабилна маса од север е причината за невремето:
– Поголема облачна и нестабилна маса од север се спушти кон нашето подрачје северните и североисточните делови, вклучувајќи ја Скопската котлина ги зафати силно невреме, проследено со град, силен ветер и грмотевици, соопшти УХМР.
Тие велат дека граѓаните треба да бидат особено претпазливи на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци.
– Доколку процесите бидат поинтензивни и на мала површина за кратко време наврне поголема количина на дожд можно е брзо зголемување на водостојот, а при екстремни врнежи можно е и локално излевање на суводолиците и помалите реки. Ова особено се однесува на водотеците од Скопската Котлина и од масивот на Скопска Црна Гора каде според синоптичарите за кратко време се очекуваат големи количества на врнежи, велат од УХМР.
Во продолжение погледнете видео од силниот град кој го зафати Скопје: