Актуелно
Силно невреме во Скопје
Краткотрајно, силно невреме со пороен дожд, ветер и грмежи го зафати Скопје. Во одредени делови заврна и град.
Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
Управата за хидрометеоролошки работи најави нестабилна облачност попладнево, особено во западните и северните делови од Македонија, но и во планинските региони.
Температурата денеска ќе биде од 30 до 36 степени.