Скопје
Автобусите се враќаат на улица од 17:30, изгласани субвенциите за ЈСП
Советот на Град Скопје на денешната втора вонредна седница ги одобри субвенциите во износ од 11 милиони евра за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје. Гласањето заврши со 25 “за” и 13 воздржани советници од ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуката има за цел да се обезбедат средства за исплаќање на заостанатите плати на вработените во ЈСП Скопје. Вработените во ЈСП во текот на денот стапија во штрајк поради неисплатените плати за декември.
Автобусниот сообраќај во Скопје, кој беше привремено прекинат, се очекува да се врати на нормално функционирање по 17:30 часот, според информации на ТВ Телма.