Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Град Скопје ја презентираше новата противпожарна скала (ГАЛЕРИЈА)

Скопје

Град Скопје ја презентираше новата противпожарна скала (ГАЛЕРИЈА)

Град Скопје ја презентираше новата противпожарна скала (ГАЛЕРИЈА)

Противпожарната бригада на Град Скопје заедно со припадници на специјалните единици на МВР денеска во центарот на Скопје ја презентираа новата противпожарна скала. На презентацијата на перформансите на првата повеќенаменска противпожарна скала во Скопје и РСМ присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за здравство, Венко Филипче.

– Скопје од денес е побогато за ново специјализирано возило – 45 метарска противпожарна скала каква што досега немало во историјата на Република Северна Македонија. Оваа презентација ја организиравме со цел граѓаните на Скопје да можат визуелно да се запознаат со дел од перформансите кои ова возило ги нуди, а тоа пак е многу важно затоа што тоа ќе значи многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада. Ве уверувам дека ова возило со опремата која ја поседува ги задоволува најновите безбедносни стандарди за заштита при спасување од пожари, но и од други непогоди со кои се справуваат единиците на противпожарната бригада. Противпожарната бригада на Град Скопје е првата во државата, но и во регионот, која може валидно да учествува во сите НАТО вежби како добро опремена и добро екипирана противпожарна бригада. Од денеска конечно ќе можеме брзо и ефикасно да ги спасиме и сите граѓани кои живеат и повисоко од 5-ти кат на скопските висококатници, што за жал тоа досега беше многу тешко изводливо, на граница на невозможно. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место. Од срце посакувам освен за вежби да не мораме никогаш да ја искористиме, но животот понекогаш носи и ситуации кога недостатокот на опрема го плаќаме со човечки животи. Е тоа како човек и како градоначалник нема да го дозволам. Моите сограѓани од денес ќе можат мирно да спијат, не плашејќи се дали ќе преживеат евентуален пожар на 8-ми или 9-ти спрат од зградата во која живеат – рече градоначаникот Шилегов.

Тој истакна дека со ова повеќенаменско возило како дополнително опрема е вклучена и пумпа за вода со капацитет од 45.000 литри во минута, со која на пример олимписки базен може целосно да се испразни за помалку од 16 минути или да ја имавме оваа опрема кога беше поплавата во Стајковци за некаде ден ипол до два, целата вода од населените места ќе можеше да биде испумпана, а самата скала може да биде користена и како кран за подигнување на товар до 4 тона.

Покрај безбедноста на нашите граѓани оваа противпожарна скала гарантира безбедност и на скопските пожарникари, но и на припадниците на специјалните единици на МВР кои често соработуваат со скопските пожарникари во случаи на поголеми пожари или други сложени ситуации каде е потребна нивната помош.

– Во изминатите 3 години во опремувањето на противпожарната бригада вложивме многу. Веќе втора година се во употреба новите изолациони дишни апарати, униформи и чевли кои ги задоволуваат сите стандарди за безбедност, а обновена е и противпожарната опрема со нови црева и арматури. Заменета е 35 години старата аналогна телефонска централа со современа нова дигитална централа. Бригадата за противпожарна заштита е побогата за нови 38 пожарникари, а работиме и на тоа да обезбедиме нови вработувања во противпожарната бригада. Со сите овие чекори го зголемуваме капацитетот на бригадата, а истовремено се доближуваме и до исполнување на европските стандарди согласно кои пропорцијата треба да биде еден пожарникар на 1500 жители. Најдовме решенија за најголемиот дел од проблемите дефинирани од страна на синдикалните организации на противпожарната бригада, ги зголемивме платите, ги исплаќаме додатоците, а истовремено овој дијалог нема да го прекинеме додека не изнајдеме трајни и одржливи решенија – рече Шилегов.

Специјализираното возило – противпожарна скала е возило кое спасува животи зашто овозможува безбедно евакуирање на сите што живеат во објекти од 5.кат па нагоре, а кои неретко остануваат заробени во своите домови кога пожар ќе избие на пониските катови од повисоките згради. Противпожарната скала е набавена по препораки од стручни лица од противпожарната бригада и секторот за заштита и спасување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.