Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Отворен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ (ФОТО)

Скопје

Отворен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ (ФОТО)

Отворен мини ЗОО Парк во средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“ (ФОТО)

Денеска, во присуство на министерката за образование и наука, Мила Царовска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, , градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и многу медиуми, беше отворен за јавност мини ЗОО Паркот на нашето училиште СУГС „Браќа Миладиновци“.

Во конкуренција на триесетина средни училишта од државава, токму ние со Проектот за мини ЗОО Парк и Систем за Аквапоника, победивме на натпреварите во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и UPSHIFT програмата на Уницеф.

Со средствата во износ од 120 илјади денари, ние ја доуредивме нашата зоолошка градина и од денеска ја отворивме за сите посетители. Влезот е бесплатен, концептот не е да се заработува од наплата на влезници, туку врз основа на добровелен прилог кој посетитилите ќе го донираат во касата на влезот, ќе помогнат за полесно одржување на ЗОО Паркот и грижа за животните. Истовремено, на влезот на сите посетители кои ќе сакаат да ги хранат животните и птиците од паркот, бесплатно ќе се дели строго препорачана храна за секое животно/птица поединечно.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска истакна дека „ ЗОО паркот и аквапоника системот во средното земјоделско – ветеринарно училиште „Браќа Миладиновци“ во општина Кисела Вода ќе им помогнат на учениците во практична обука и стекнувањето квалитетни компетенции и вештини. Ова е пример што треба да се следи. Колку повеќе сите заедно вложуваме во подготовката на учениците, толку полесно тие ќе се вклучат на пазарот на труд или ќе отворат свои бизниси и ќе станат продуктивен дел од нашата заедница.“

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави: „Ова е едно од училиштата во коешто и јас како градоначалник пред некаде околу три години ја препознав таа креативност и како што самите можете да видите денеска целосно се оправдани поддршката и вложувањата што ние ги дадовме како Град, Министерството за образование и наука, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Кисела Вода. Денеска можеме да присуствуваме на официјалното отворање на реновираната зоолошка градина која има повеќе од триесет различни видови животни, што постоеше во рамките на училиштето меѓутоа ние ја изреновиравме и сега ја правиме достапна за граѓаните. Влезот ќе биде бесплатен, меѓутоа сакаме до колку некој сака да даде средства за влез и да го поддржи овој процес којшто е резултат на вредните и бистри умови на средношколците пред се, нивни вредните раце, како и на поддршката на нивните наставници и на Градот Скопје.

Директорката на СУГС„Браќа Миладиновци“ Елизабета Ангелеска, изјави дека е горда на своите ученици и ги повика сите вљубеници во природата да го посетат мини ЗОО Паркот а полуматурантите, да се запишат во нашето училиште и да учат непосредно грижејќи се за животните и уживајќи во прекрасното опкружување на хортикултурно уредениот двор.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.