Скопје
Седмото издание на џез хепенингот „Today It’s All About Jazz“ се одржа во паркот Ибни Пајко во Скопје
Денеска, Здружението на џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ) од Скопје го одржа седмото издание на целодневниот џез хепенинг во паркот Ибни Пајко, под наслов „Today It’s All About Jazz“, по повод 30 април – Меѓународниот ден на џезот.
Претседателот на ЗЏМ, Гоце Стефковски, изјави дека ова година се фокусираат на претставување на повеќе македонски џез музичари, со нови проекти и соработки. Истакна дека младите музичари во Македонија имаат огромен интерес за овој музички жанр.
Оваа година, покрај работилниците за деца и џез за млади, програмата вклучуваше настапи на македонски џез музичари и меѓународни гости.