Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопјани утре без јавен превоз – ЈСП ќе почне со најавениот штрајк во 9 часот

Скопје

Скопјани утре без јавен превоз – ЈСП ќе почне со најавениот штрајк во 9 часот

Проблем за граѓаните на Скопје и учениците кои зависат од јавниот превоз, бидејќи вработените во Јавното Сообраќајно Претпријатие (ЈСП) од утре стапуваат во штрајк кој има за цел да ги притисне градските власти да ги подмират отворените финансиски обврски по основ на декемвриската плата.

Синдикатот на вработените на ЈСП ќе организира протести пред Град Скопје за да ги изрази барањата за исплата на декемвриската плата и субвенции за непречена работа на компанијата. Поради штрајкот, автобусите ќе бидат повлечени од сообраќај во 9 часот, оставајќи ги градските жители, учениците и вработените без јавен превоз.

Вработените на ЈСП бараат плаќање на долговите и субвенциите веднаш, а не во рок од шест или три месеци. Преставниците на синдикатот истакнаа дека нивните барања се јасни и гласни, со цел подобрување на условите за работа во ЈСП.

Организаторите на протестот се надеваат дека нивните барања ќе бидат услушани и решени на задоволство на вработените во ЈСП и граѓаните на градот Скопје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.