Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје в недела одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје

Скопје в недела одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени.

Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство.

Општинската организација на Црвениот крст од Кисела Вода во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во Дневниот центар за дарување во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот. Акцијата ќе биде спроведена по посебни протоколи поради Ковид-19.

Во рамки на одбележувањето на годишнината од земјотресот, Град Скопје и јавните културни установи традиционално ќе организираат голем број настани.

Музејот на Град Скопје организира изложба за големата трагедија што се случи на 26 јули 1963 година. Автор на изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ е Зоја Богдановска, кустос советник историчар. Изложбата ќе биде поставена в сабота, во 20:00 часот, во Градскиот парк во Скопје, на платото пред споменикот Гоце Делчев. Изложбата ќе ја отвори градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Во недела официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе пред Споменикот на жртвите од катастрофалниот земјотрес на Градските гробишта во Бутел.

„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети кои може да се набават преку bileti.mkc.mk.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе остана без покрив над глава.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Скопје

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.