Актуелно
Скопјанец со нож се обидел да ја убие сопругата
Притвор од триесет дена доби 44-годишен скопјанец, кој во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди.
Јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка за 44-годишниот скопјанец за сторено кривично дело убиство во обид. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот бил лишен од слобода, информираат денеска од Основното јавно обвинителство Скопје.
По увидот на лице место, јавен обвинител донел наредби за вршење на потребни вештачења, собирање траги од лице место, како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.
Јавното обвинителството доставило предлог до судија на предходна постапка за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот, како што стои во соопштението, бил прифатен од судот, па со решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.