Вести
Скопјани повторно се гушат во честички, а на Водно одат со автомобили
Скопјани повторно дишат загаден воздух!
Нивото на ПМ 10 честичките во воздухот е повторно далеку над дозволените граници, а мерните станици во Скопје деновиве покажуваат високи концентрации на канцерогените честички.
И покрај тоа што аерозагадувањето непрекинато ја надминува дозволената граница во Лисиче, Карпош и Гази Баба, и тоа посебно во ноќните часови каде нивото на ПМ 10 честички надминува и 500 микрограми на метар кубен, сепак се уште нема конкретни мерки од надлежните.
Во четврток, на 1 февруари, еколошката организација – Go green повикува на протестен марш против загадениот воздух во Скопје.
Маршот според најавите ќе започне од паркот на новинарите кај поранешна „Нова Македонија“, а ќе заврши пред министерството за животна средина.
Викендов, пак, голем број на несовесни скопјани ги запалија своите автомобили и се качија на Водно и покрај воведените мерки и забрани за движење со автомобили.