Вести
Скопјани протестираат против загадениот воздух и расипаните мерни станици
Студениот бран и северниот ветер привремено помогна да се расчисти загадениот воздух од канцерогените ПМ10 честички, но граѓаните протестираат и бараат конкретни и долгорочни мерки против аерозагадувањето на воздухот.
Невладините организации велат дека извршната власт и општините треба итно да започнат со спроведување на мерките.
– „Немам што да кажам, секој ден се задушуваме, сите оние со проблеми со дишењето, дури и здравиот човек не може да живее во овој град.Треба да се преземат мерки, бидејќи не знам што ќе се случи, болниците се полни “
“Бараме од Градот Скопје да преземе мерки за прочистување на воздухот.Ни треба свеж воздух, па очекуваме да се преземат чекори што е можно поскоро”, велат граѓаните.
И додека граѓаните протестираат, мерните станици во поголем дел од скопските општини се исклучени и не работат, а таков е примерот и во скопската населба Лисиче, која важи за рекорден во загаденост.
– „Зашто мерната станица во Лисиче е исклучена? Дека загадувањето ги руши рекордите? Во Лисиче не се дише, а мерната станица покажува 0 ПМ10 честички! До кога граѓаните ќе бидат манипулирани?“ – велат револтирани граѓани.
Од министерството за животна средина најавија дека се одвоени буџетски средства за поправка на мерните станици, но дека тоа нема да се случи оваа година.