Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

Актуелно

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

Со повеќе културни, хуманитарни и спортски манифестации денеска ќе биде одбележан 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

По тој повод, градоначалникот Коце Трајановски ќе се сретне со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна  на Македонија.

Потоа делегација на Град Скопје ќе положи цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на Градските гробишта „Бутел“.

Во 11:30 часот, пред Споменикот на ослободителите на Скопје, на платото  пред Владата високи државни делегации, борците од НОВ, претставници од Армијата на Република Македонија, претставници на општините на Град Скопје, членови на други институции, како и официјалната делегација од Град Скопје ќе положат цвеќиња.

Од 9 до 17 часот во Центарот за дарување крв во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје ќе се одржи традиционална крводарителска акција. Во трговскиот центар Скопје сити мол ќе имаат концерт хоровите од средните училишта во Град Скопје.

Во Музејот на Град Скопје, вечер, со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата на уметнички слики од доајенот на македонското современо сликарство проф. Родољуб Анастасов.

muzej na skopje

Настаните за чествување на Денот на ослободување на Скопје – 13 Ноември ќе продолжат вечер во Македонската опера и балет, каде ќе биде доделена наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и ќе бидат изложени дела од 10. меѓународна ликовна колонија „Скопје 2015“. Концерт ќе имаат и првенците на МОБ.

Од спортските манифестации, овој месец се одржаа Меѓународен кугларски турнир „Скопје Опен 2015“, традиционален шаховски турнир на пензионерите од Скопје и финални натпревари на Турнирот во мал фудбал на јавните претпријатија во Град Скопје… Денеска ќе се одржи Меѓународен шаховски турнир на слепи и лица со оштетен вид, а утре ќе има финални борби и доделување на Златниот гонг. За 15 ноември е предвидено традиционалното искачување на врвот Љуботен, карате турнир „13 Ноември“, финални натпревари на „Меѓународниот хокеј турнир Скопје“ и ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“.

kale

На 13 ноември пред 71 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

По неколкудневни тешки борби со припадниците на 22-та гренадирска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, како и со германската тврдинска бригада „Ангермилер“ која беше распоредена пред Качаничката клисура, борците со победоносен марш влегоа во градот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.