Вести
Скопје викендов најзагаден град во Европа
Утеха за граѓаните е најавеното северно струење на воздухот кое ќе донесе умерен северен ветер и пад на температурите, а со тоа и расчистување на маглата и загадениот воздух.
Цела Мaкедонија викендов се гуши во загаден воздух. Концентрацијата на штетните ПМ10 и ПМ2,5 честици длабоко ги надминуваат европските гранични вредности, додека мерките преземени од власта не се ефикасни и не функционираат.
Утеха за граѓаните е најавеното северно струење на воздухот кое ќе донесе умерен северен ветер и пад на температурите, а со тоа и расчистување на маглата и загадениот воздух.
Според истражувањата спроведени од невладините организации, главен и најголем причинител за ова енормно загадување се токму оџаците. Се додека начинот на загревање во домовите не се замени со гас и останати еколошки загревања, македонците ќе продолжат да се гушат.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), на листата на десетте најзагадени градови во Европа, пет се на Балканот, од кои три се од Македонија – Скопје, Тетово и Битола, следи Тузла (Босна и Херцеговина) и Плевља (Црна Гора).