Вести
Скопје во новогодишна магија – утре ќе светне елката на плоштад
Новогодишната елка на скопскиот плоштад која ќе блесне в петок, а новогодишната магија дополнително ќе биде збогатена со малата населба „Винтерленд“.
Воедно на плоштадот почна да никнува Божиќно село со 60 зимски куќички, насловени како „Зимска земја“ кои како што најави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов треба да го красат пред новогодишните празници.
Сите куќички во Божиќното село се наменети за продажба, но само за новогодишни дреболии. Ќе има и мала сцена на која секој ден ќе се случуваат различни настани и претстави.
За разлика од лани, оваа година ќе има централна прослава за дочекот на Новата година, но се уште не се знае кој ќе ги забавува скопјани.