Вести
Скопје Сити Мол слави 10 години – Забава, концерти, попусти и шопинг за сите возрасти!
Скопје Сити Мол го одбележува десетгодишниот јубилеј со голема роденденска прослава и огромни попусти.
Со концерти и забава прилагодена на различни вкусови и возрасни групи, како огнено шоу, огромни маскоти, фотобут за супер фотки и детска програма, Скопје Сити Мол ќе ги прослави првите 10 години од своето постоење.
Тридневната роденденска забава започнува во петок (30.09) со настапи на повеќе познати диџеи од домашната клупска и радио сцена, како и со спектакуларен концертна диригентот Џијан Емин & The Magical Orchestra: Електро Симфонија. Во сабота (01.10) свој концерт ќе одржи македонската поп-дива Каролина Гочева, а за загревање и продолжение на одличната забава ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. Програмата на третиот ден од роденденската забава, што ќе се одржи в недела (02.10) е прилагодена за најмладите. Започнува со “Светот на Биби”, како и дружината од Фамилија 5+, а во музичкиот дел ќе настапат младите надежи од фестивалот Златно славејче.
Локацијата за одржување на сите концерти е кровот на Скопје Сити Мол, каде од безбедносни причини и за комфор на присутните, проектирано е да прими до 2500 посетители. Влезот на концертите е слободен.
-Скопје Сити Мол е првиот современ трговски центар во државата кој воведе сосема нов концепт што ги обединува шопингот, забавата и дружењето, нудејќи им содржини на сите возрасни групи, со различни вкусови и интереси. Затоа и за нас беше сосема природно првите десет години на Скопје Сити Мол да ги прославиме заедно со сите оние за кои постои овој трговски центар – објаснува маркетинг менаџерот на Скопје Сити Мол, Дамјан Корубин.
Вратите за концертите за роденденската забава во првите два дена се отвораат во 20:00 часот, додека концертите започнуваат во 21 часот. На третиот ден ќе вратите се отвораат на пладне, а програмата започнува во 12:30 минути по пладне и ќе трае до 16 часот.
Целосната програма ќе може да ја видите на сајтот на Скопје Сити Мол.