Вести
Слаб снег на планините, ноќеска од -13 до -4
Повремен снег вечерва паѓа на планините и повисоките места низ Македонија. Дува и слаб повремено умерен претежно западен ветер, особено на повисоките места, во Пелагонија и во Штипскиот регион, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вечерните и ноќните часови врнежите постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од источен и североисточен правец. Утринските температури ќе се движат од -13 до -4, а дневните ќе бидат во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје слично време со температури од -12 до 4 степени.
Од понеделник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажна и студена воздушна маса, која ќе предизвика претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и јужните подрачја. Од средината на наредната седмица на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.