Вести
Слаб одзив на гласањето во дијаспората
Според прелиминарните податоци на ДИК одзивот на гласачите во дијаспората е 39,90 %. Или од 20.571 запишани гласачи, гласале 8.208 македонски граѓани во странство.
Според измените во Изборниот законик, пратеник од дијаспората, од Изборната единица 7 мора да има освоено најмалку 6.500 гласа, па оттаму мали се шансите исселениците да имаат свој претставик во парламентот.