Вести
Следува долг продолжен викенд – еве кога нема да работиме до крајот на годината
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 23 мај 2018 година, среда, Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија.
24 мај 2018 година, четврток, „Св. Кирил и Методиј“, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
25 мај 2018 година (петок), Духовден, петок пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
До крајот на годината остануваат следните неработни денови:
За сите граѓани на РМ
• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
• 2 август (четврток), Ден на Републиката
• 8 септември (сабота), Ден на независноста
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (среда), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик