Актуелно
СЛЕДУВА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Погледнете кои се неработни денови до крајот на годината
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 29 април, односно петокот пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Петокот пред Велигден е прогласен за неработен ден согласно Законот за празници на Република Македонија.
Ова се преостанатите неработни денови за 2016. година:
За сите граѓани на РМ:
1 мај (недела) Ден на трудот – Понеделник неработен ден
2 мај (понеделник) Втор ден Велигден
24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј”
7 јули (четврток) Рамазан Бајрам, прв ден на Рамазан Бајрам
2 август (вторник) Ден на Републиката
8 септември (четврток) Ден на независноста
11 октомври (вторник) Ден на народното востание
23 октомври (сабота) Ден на македонската ревулуцинерна борба
8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед:
29 април (петок) Велики Петок, петок пред Велигден
17 јуни (петок) Духовден, петок пред Духовден
28 август (недела) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
1 ноември (вторник), Празникот на сите светци
25 декември (недела), првиот ден на Божиќ
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 13 септември (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
За граѓаните-припадници на влашката заедница во РМ:
23 мај (понеделник) Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик