Актуелно
Смртни закани за новинарот Борјан Јовановски: Новинарите на пладне се собираат пред Владата
Откако вчеравечер непознато лице однело посмртен венец во домот на новинарот Борјан Јовановски со натпис „последен поздрав“ велејќи дека „поздравот“ е од Тодор Александров, новинарите за денеска напладне најавуваат собир пред Владата.
Колегите на Борјан со гнасење и одлучно ќе му го вратат венецот на испраќачот, порачувајќи му така дека не му се плашат.
Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани да излезат и пред зградата на Илинденска, каде што сметаат дека е вистинското место, каде што треба да се обратат на мирен начин да го изразат својот револт од страшниот чин, со намера повеќе да не се повтори.
Борјан Јовановски тврди дека е мета на долгогодишно вербално насилство од страна на медиуми и новинари кои важат за блиски до владејачката партија.
На ваквите закани реагираше и новинарскиот пленум. „Овој чин го сфаќаме како мафијашка порака од фамилијата што ја владее Македонија до критичките медиуми и новинари, што не очекува сите од ред ако и се спротивставуваме на власта!“, се наведува во соопштението на пленумот.