Актуелно
Снежна покривка во Маврови Анови, Лазарополе и Пожаране
Снегот што заврна на повисоките места во Македонија формираше снежна покривка во Маврови Анови – 17 см, во Лазарополе – 14 см и во Пожаране 13 см.
Најниски температури утрово се измерени во Маврово -3 степени целзиусови и Ѓуриште – 1 степен. Највисоки се измерени во Дојран и во Гевгелија 6 степени целзиусови, а во Скопје утрово е измерена температура од 3 степени.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб дожд, во претпладневните часови, и со умерен северен ветер. На планините и повисоките места врнежите ќе се од снег, Температурата ќе се движи од 4 до 11 степени.